Романецот Мариуш Аврам ќе биде главен судија на дуелот меѓу Македонија и Естонија, утре во Скопје од 15 часот, а за него овој меч е специјален, бидејќи ќе му биде последен на интернационалната сцена со знакот на ФИФА,
Аврам има 41 година и суди меѓународни мечеви под капата на ФИФА веќе 10 години, па дојде ред да се прости токму во Скопје.
Интересно е што Аврам е роден во Букурешт, главниот град на Романија, каде Македонија ќе го има дебито на Европско првенство, идната година на 13. јуни против Австрија.
Потоа ќе одиграме уште еден меч на истото место на ЕП, против Украина на 17, јуни, секако ако остане првичниот план на УЕФА со познатиот распоред, кој би можел и да се смени поради пандемијата со Ковид-19.