Против традицијата не се може, во финалињата помеѓу Ливерпул и Челзи секогаш е 0-0 (Видео)

Ливерпул и Челзи не одлучија после 90 минути кој ќе биде освојувач на трофејот во Лига купот, па Црвените и Сините на полниот „Вембли“ ќе играат уште 30 минути, ако треба ќе се шутираат и пенали, како пред две години кога двете куп финалиња во Англија помеѓу овие два тима исто завршуваа 0-0 и се одлучуваа со шутеви од белата точка, тогаш со среќен крај за Ливерпул.

На двата тима им беше поништен по еден гол, особено големи реакции и контроверзи донесе оној поништениот на Ливерпул за офсајд позиција од Ендо кој со своето движење го „залажал“ чуварот Колвел пред топката да дојде кај стрелецот Ван Дајк.

Имаше и статива, голманите беа во форма и бранеа тешки шутеви, и чудно е како не падна гол во регуларниот дел од финалето. Ливерпул е ослабен со неиграњето на напаѓачите Салах и Дарвин Нуњез, но секако се во игра за рекордната 10-та титула во ова натпреварување. Челзи го бара својот прв домашен трофеј од 2018 наваму.

Еве го поништениот гол на Ван Дајк:

- Оглас -

Најнови вести