Ла Лига испрати писмо до дисциплиската комисија на Шпанската фудбалска федерација за изрекување суспензија на фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл. Се инсистира Велшанецот да добие казна за провокативната прослава упатена кон навивачите на Атлетико Мадрид во градското дерби изминатата недела.
На Бејл му се предвидува суспензија од четири до максимални 12 натпревари неиграње.
„Кралевите“ славеа на теренот од Атлетико со сигурни 3-1, токму Бејл беше стрелецот на третиот погодок по што следуваа свирежи кон него од трибините, а тој одлучи да ги „поздрави“ со навредлива прослава.