Прв гол на Езе во ЛШ и тоа каков (Видео)

Пари Сен Жермен е на прагот да му го нанесе историски најтешкиот пораз на Челзи во еден двомеч од нокаут фаза во Лихгата на шампионите, има вкупни 7-2 против Сините и речиси сигурно продолжува кон одбрана на европската титула.

Арсенал води 1-0 против Баер Леверкузен, со голчиште на Еберечи Езе, негов прв во кариерата во ЛШ. Голот на Езе погледнете го ТУКА.

Манчестер сити и Реал Мадрид дадоа по еден гол, а Кралскиот клуб од Мадрид е на 45 минути од четвртфинале, бидејќи има три гола предност и човек повеќе на теренот на „Етихад“. Двата тима се испромашуваа, но клучен момент беше кога Бернардо Силва играше со рака и ем направи пенал, ем беше исклучен. На Реал осум години му се немаше случено да прими гол од екипа која има фудбалер помалку на терен, но на Халанд му успеа вечерва. Халанд има 57 голови во ЛШ со што е седми стрелец во историјата.

- Оглас -

Најнови вести