Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје, вечерва ја започнува новата јадранска авантура и битката за враќање во елитата. Второлигашката јадранска конкуренција сезонава изгледа поинаку, па сите екипи се во една група, а најдобрите осум ќе продолжат во четвртфиналето и разигрувањето за влез во елитното јадранско друштво.
Сите екипи ќе одиграат по осум натпревари, четири на домашен и четири на гостински терен.
Во СЦ „Јане Сандански“ вечерва од 20 часот гостува екипата на Вршац, а според квотите во Sport Life, Штрковите се големи фаворити со квота за победа од 1.26. МЗТ Скопје против овој противник има одиграно два натпревари во сезоната 2018/19, и тоа во истово натпреварување, и двапати победи, со девет поени на домашен терен и со седум разлика на гости.