20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Прв кикс на Арсенал сезонава, за неуспехот сигурно ќе го обвинат судијата (Видео)

Судијата Крис Каванаг ќе биде главна тема после завршувањето на мечот на Арсенал и Брајтон на кој двата тима постигнаа по еден гол и освоија по еден бод, и со по 7 бодови го делат врвот во моментов во Премиер лигата, пред репрезентативната пауза.

Каи Хаверц даде убав гол со лоб за 1-0, и стана втор стрелец меѓу Германците во историјата на Премиер лигата. Хаверц има 33 голови, еден повеќе од Месут Озил. Најдобар е Илкај Гундоган со 44.

Клучен момент по кој Арсенал веќе не беше истиот тим, се случи во 49-та минута кога  Деклан Рајс го заработи првото исклучување во 245-тиот лигашки меч во кариерата. Брајтон со човек повеќе на терен успеа да израмни и да освои голем бод, а испуштија прилика првпат во клупската историја да тргнат со 9 бода од првите три кола.

Ова е голот на Хаверц:

- Оглас -

Најнови вести