Прв мундијалски дуел на репрезентации во Топ-10, резултатот по првото полувреме е тој што е и најчест во Катар, 0:0

Франција и Данска го завршија првото полувреме со најнепопуларниот резултат 0:0, кој е и најчест по прв дел на Мундијалот во Катар.

Ова е прв дуел на две селекции што се во Топ-10 на ФИФА ранг-листата, но не беше на тоа ниво.

Триколорите кои ја бранат титулата беа поактивни и имаа неколку шанси за гол, а најубавата ја промаши Килијан Мбапе во 40. минута кога промаши чист зицер од 7-8 метри.

И Данците имаа шанса за гол, а интересно иако изгледаа инфериорно на теренот, тие има два директни удари кон голот на Љорис, а Франција немаше ниту еден.

 

- Оглас -

Најнови вести