Прв пат влегоа во Серија А и подготвуваат пеколен напаѓачки тандем

Екипта на Монца испиша историски успех откако за прв пат успеа да избори пласман во Серија А. Клубот кој сега е во сопственост на некогашниот газда на Милан, Силвио Берлускони, сега подготвува тим за дебитантскиот настап во елитното друштво.

Италијанските медиуми најавуваат дека во планот на Монца е да се создаде едно одлично напаѓачко дуо, па фокусот е свртен кон Пауло Дибала и Мауро Икарди. Двајцата аргентински напаѓачи одлично го познаваат италијанскиот фудбал и би било интересно да се види како двајцата би функционирале.

Дибала е слободен играч откако реши дека е време да си замине од Јувентус и сега е во потрага по нов клуб, додека Икарди е „заборавен“ во ПСЖ, ако се знае кои се му се конкуренти за место во нападот на Светците.

Берлускони и Галијани цели 30 години го предводеа Милан и тоа во „златните години“ на Росонерите и тоа е дуо кое знае како се работи во италијанскиот фудбал, па нема да биде изненадување ако успеат да ги спојат Дибала и Икарди во нападот на Монца.

 

- Оглас -

Најнови вести