Прв плејоф меч во Детроит после шест години, Јокиќ и Денвер на тежок тест во Лос Анџелес

Вечерва после полноќ во кошаркарската НБА лига се играат три интересни мечеви од плејофот.

Во Детроит, за првпат по 2019 година ќе се одигра еден плејоф меч, па мотивите за победа на Пистонс ќе бидат огромни. Според квотите во Sport Life, гостите од Њујорк се минимални фаворити, но тоа не мора ништо да значи. После два меча резултатот во победи е 1-1.

Предност од 2-1 на домашен терен ќе брка и ЛА Клиперс, но им гостува првакот од 2023, Денвер нагетс, предводен од Никола Јокиќ.

Главен фаворит за победа вечерва е Оклахома Сити тандер кој на првите два меча дома славеше убедливо против Мемфис, па Гризлите мора да победат вечерва за да ги задржат шансите за пласман во следното коло.

- Оглас -

Најнови вести