Прв пораз за Милвоки, Дончиќ продолжува да испишува историја (Видео)

Милвоки бакс во десеттиот меч го доживеа првиот пораз сезонава во НБА-лигата. Елените се поразени од Атланта со 117:98. Засилувањето од Сан Антонио, Дежонте Мареј, со 25 постигнати поени беше најдобар во редовите на Атланта, а на спротивната страна, ист број поени даде и Јанис Адетокумбо.

Милвоки и покрај поразот, е лидер на табелата во Источната конференција со скор 9-1, а втор е Кливленд со 8-2.

Далас маверикс славеше со 96:94 против Бруклин нетс во меч кој го одбележа Лука Дончиќ со уште една неверојатна партија.

Словенецот во шестата победа за својот тим во деветтиот меч даде 36 поени, имаше по 6 скока и асистенции и продолжи да испишува историја.

Дончиќ на сите девет натпревари за Далас сезонава постигна повеќе од 30 поени и сигурно чекори кон рекордот на Вилт Чембрлен, кој на првите 23 натпревари во сезоната во НБА постигнал 30 или повеќе поени.

Кај Бруклин, најрасположен за игра беше Кевин Дурант, кој даде 26 поени.

Одлична вечер во НБА имаа кошарките кои доаѓаат од Универзитетот Дјук. Џејсон Тејтум со 39 постигнати поени го предводеше Бостон до победата над Мемфис од 109:106.

Првиот избор на драфтот, Паоло Банкеро, даде 30 поени во поразот на Орландо од Хјустон, а Брендон Инграм и Зајон Вилијамсон заедно дадоа 55 поени во поразот на нивниот Њу Орлеанс пеликанс од 129:122 од Индијана.

 

Продолжува и мизеријата на ЛА лејкерс, кои во Солт Лејк Сити го доживеаја осмиот пораз во десеттиот меч сезоната, и тоа од 139:116.

Резултати: Шарлот – Вашингтон 100:108, Орландо – Хјустон 127:134, Детроит – Оклахома Сити 112:103, Индијана – Њу Орлеанс 129:122, Филаделфија – Феникс 100:88, Атланта – Милвоки 117:98, Мајами – Портланд 107:110, Чикаго – Торонто 111:97, Мемфис – Бостон 106:109, Минесота – Њујорк 107:120, Сан Антонио – Денвер 109:115, Далас – Бруклин 96:94, Голден Стејт – Сакраменто 116:113, Јута – ЛА лејкерс 139:116, ЛА клиперс – Кливленд 119:117.

- Оглас -

Најнови вести