16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Прв ултиматум за Џампаоло во Милан

Милан никако да се врати на победничките патеки од пред 10-тина години. Росонерите сезонава се откажаа и од настапите во Лигата на Европа, па фокусот е 100 отсто кон домашните натпреварувања. Сепак, по четири одиграни меча, Милан има само шест бода и веќе заостанува зад водечките екипи на табелата.

Ваквиот старт беше знак за челниците на Милан да реагираат. Шефовите на тимот, некогашните играчки легенди, Паоло Малдини и Звонимир Бобан го потсетиле новиот тренер Марко Џампаоло дека е доведен за да ја подигне играта на тимот и да има подобри резултати од претходните сезони.

Шпекулациите се дека Џампаоло добил ултиматум во следните три меча Росонерите да покажат игра каква што заслужува за тимот од „Сан Сиро“. Милан утре ќе гостува кај Торино во рамките од петтото коло во Серија А, а потоа следуваат и дуелите против Фиорентина и Џенова.

 

- Оглас -

Најнови вести