Прва лига се намалува од 12 на 10 екипи, во Втора лига ќе играа 14 наместо досегашните 16 тимови

Прва фудбалска лига на Македонија од сезоната 2026/27 ќе има само 10 екипи, а не како што е сегашната пракса да се натпреваруваат најдобрите 12 клубови. Ова е една од одлуките кои ги донесе Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на последната седница.

Освен кратење на Прва лига, ќе има намалување и на бројот на екипи во Втора лига, па така од сезоната 2026/27, бројот на екипи наместо досегашните 16 ќе биде само 14.

Сите одлуки кои беа донесени на последната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија може да ги прочитате во целост:

– Бараж натпреварот ЖФК Речица – ЖФК Вардар за пласман во Првата женска фудбалска лига ќе се одигра на 28 мај во 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

– Усвоен е Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во ФФМ, со цел зголемување на ефикасноста и професионалноста во работењето.

– Избрана е компанија за реализација и опремување на ВАР соба, како дел од процесот за имплементација на ВАР систем во Прва МФЛ;

– Донесена е одлука да се преземат сите неопходни правни и административни и законски мерки за заштита на интересите на ФФМ во врска со следните стадиони:

Трибина Охрид

Трибина Кичево

Трибина Штип

– Усвоен е предлогот за одржување на on-line седници на комисиите на ФФМ, што ќе придонесе за поефикасна работа и полесна координација.

– Управниот одбор го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреваривачката сезона 2026/27:

Прва МФЛ: намалување на бројот на клубови од 12 на 10

Втора МФЛ: намалување од 16 на 14 клубови

Комисија во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски ќе спроведе дополнителна анализа и ќе предложи конечни насоки за системот на натпреварување и начините на промоција и испаѓање.

– Кирил Изов е именуван за нов селектор на женската репрезентација до 19 години.

– Астрит Мерко е назначен за селектор на женската репрезентација до 15 години, на местото на Јовица Блажевски.

Со овие одлуки, ФФМ продолжува со процесите на унапредување на фудбалската инфраструктура, организација и натпреварувачкиот систем, со фокус на развојот на македонскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести