Матета доби дебитантски повик во селекцијата на Франција

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, го објави списокот на фудбалери повикани за светските квалификации против Азербејџан на домашен терен на 10 октомври и гостувањето кај Исланд три дена подоцна.

Посебно внимание привлекува повикот на напаѓачот на Кристал палас, Жан-Филип Матета, кој има четири гола во десет натпревари од почетокот на сезоната. Дваесет и осумгодишниот фудбалер досега настапувал единствено за младинскиот и олимпискиот тим на Франција.

Во тимот се враќаат напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, и крилото на Монако, Манес Аклиуш. Поради повреди, ќе отсуствуваат играчите на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле и Дезире Дуе, Маркус Турам од Интер, како и офанзивниот фудбалер на Манчестер сити, Рајан Шерки.

Франција го започна квалификацискиот циклус за Светското првенство со две последовни победи.

- Оглас -

Најнови вести