Прва победа на Македонецот на ЛОИ

Македонскиот стратег Влатко Андоновски, ја предводеше женската фудбалска репрезентација на САД до првата победа на олимпискиот турнир, откако убедливо со 6:1 го победија Нов Зеланд. Американките се први фаворитки за златото, но во првото коло изненадувачки загубија убедливо со 3:0 од Шведска и сега немаа право на нов кикс.

По првото полувреме беше 2:0 за САД, а во вториот дел Американките дадоа уште два гола, а Нов Зеланд два пати си постигна автогол, а еднаш погоди во мрежата на противникот, па на крајот дуелот заврши со „7+“. Во оваа група, Шведска со 4:2 ја победи Австралија и веќе обезбеди место во следната фаза.

Женскиот фудбалски турнир е еден од најатрактивните ако се гледа ефикасноста. Во Ф групата, во досега одиграните четири меча беа постигнати дури 32 погодоци. Двата денешни меча завршија нерешено, но беа многу ефикасни. Во дербито, Холандија и Бразил одиграа 3:3, а дури 4:4 заврши мечот меѓу Кина и Замбија.

 

- Оглас -

Најнови вести