Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски денеска ја има првата прозивка во националниот тим.
Фудбалерите кои завршија со клупските обврски веќе се во Скопје и се на располагање на Седлоски.

Капитенот Барди, потоа Костадинов, Чурлинов, Дориев… се дел од играчите кои пристигнаа во базата.
Македонија денеска ги стартува подготовките за бараж дуелот против Данска за пласман на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Доколку Македонија победи во Копенхаген, ќе игра финале во баражот со подобриот од дуелот меѓу Република Ирска и Чешка.


