Првата пресметка на Махачев и Волкановски е прогласена за борба на годината во ММА

Дуелот помеѓу Русинот Ислам Махачев и Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски, одржан во февруари на УФЦ 284 настанот, беше прогласен за борба на годината во ММА.

Во Лас Вегас по 15-ти пат се одра церемонија на прогласување на најдобрите, а една од категориите во која се прогласува победник е и најдобра борба. Во фајтот на годината, Махачев со судиска одлука го победи Волкановски за потврда на титулата во лесна категорија. Подоцна Махачев повторно го победи Александар Велики, но тогаш немаше неизвесност, борбата траеше кратко и заврши со нокаут.

Леон Едвардс е прогласен за најдобар борец, пред Махачев, Адесања и Стерлинг.

- Оглас -

Најнови вести