Првата реакција на Алварес по поништениот гол беше: „Не знам“!

Контроверзниот гол од пенал кој му беше поништен синоќа на Хулијан Алварес во пенал-серијата на Атлетико и Реал Мадрид уште е главна тема во светот на фудбалот и ги подели фановите дали судиите од Полска донесоа правила одлука.

Топките со кои се игра во Лигата на шампионите немаат чипови, па ако има спорен момент, одлуката се носи врз основа на забавена снимка. Судиите во ВАР-собата синоќа му јавија на Марчињак дека Алварес двапати, а можеби имал и три контакти (прво допир со левата, па шутот со десна, при кој топката ја погодила и левата нога) со топката што е против правилата и голот беше поништен.

Една камера го фати Алварес како разговара со Бариос, Лино и Кореа и говорот на телото покажува дека ни тој не е убеден дека сè било чисто во неговиот шут.

Шпанските медиуми објавија дека од устата на Алварес може да се прочита како тој двапати вели „Не знам“. Од Атлетико не се бунеа премногу по поништениот гол, но по мечот ситуацијата се смени, нивни навивачи дури и бараат преигрување на натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести