Првенец за Кавани, Бруно ги стопи Карамелите и засега му ја сочува работата на Солскјер

Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Евертон со сигурни 3-1. Херојот кој ги освои трите бода за Црвените ѓаволи на „Гудисон парк“ е Бруно Фернандеш, како двоен стрелец му ја одржа работата на менаџерот Оле Гунар Солскјер, барем засега.

Саботното премиерлигашко дерби почна во добар сјај со три погодоци за половина час, откако Бернард отвори за Карамелите во 19-тата минута, но потоа се случи колапс за избраниците на Карло Анчелоти. Во период од седум минути, Бруно на двапати одлично ја затресе мрежата на Пикфорд.

Ако тоа не беше доволно, печат на победата стави Единсон Кавани со првенецот за Јунајтед длабоко во судиското надополнување, па така Манчестер ја оствари и третата последователна гостинска победа во англискиот шампионат. Евертон пак, го загуби третиот првенствен меч во низа.

https://twitter.com/Princewillplus/status/1325084994210033669

- Оглас -

Најнови вести