Први бундеслигашки минути за Чурлинов, Келн загуби од Волфсбург

Дарко Чурлинов ги одигра првите бундеслигашки минути во кариерата, а доби шанса во финишот да настапи за првпат за Келн во најсилната германска лига против Волфсбург.

Чурлинов влезе во игра во 70. минута, при негатива на Келн од 0:2 во премиерниот меч и за „јарците“ како нови бундеслигаши. Тероде во втората минута од судиското продолжение го постигна почесниот гол за Келн за конечни 2:1 за Волфсбург.

Келн се врати во најсилната германска лига, а Чурлинов доби прекоманда во првиот состав на популарните „јарци“. Тој е и најмладиот македонски репрезентативец во историјата и пред него е блескава кариера.

Во останатите денешни дуели од првото коло Борусија Дортмунд го победи Аугсбург со 5:1, Баер Леверкузен го надигра Падерборн со 3:2, Фрајбург го декласира Мајнц со 3:0, а единствената екипа што победи на гости е Фортуна Диселдорф која го изненади Вердер и славеше со 3:1.

- Оглас -

Најнови вести