Првиот човек на УФЦ со провокација до Американците: Слабаци сте, Хабиб и екипата може земјата да ви ја освојат

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт смета дека денешната генерација на млади Американци е полна со слабаци и дека ако во земјата дојдат луѓе како Хабиб Нурмагомедов и неговата екипа од Дагестан, тие ќе може лесно да ја освојат Америка. Според Вајт, оваа генерација на Американци не би можеле ништо да направат доколку треба да одат во војна со друга земја. Тој рече дека оваа генерација на млади е полна со идиоти и пи*ки.

„Кога Хабиб и неговиот тим од Дагестан би дошол во САД, веројатно би ја освоил земјата. Денешната генерација е полна со идиоти и пи*ки и освен една група на луѓе од југот, никој не би можел да ја одбрани државата. Кога ќе ги погледнам луѓето од другите земји, тие момци од Русија се градени поинаку, имаат сосема поинаков менталитет. Ние станавме мекуши и слабаци“, рече Вајт кој е познат по својата брутална искреност и дека секогаш го кажува тоа што го мисли.

Хабиб е легенда на УФЦ борбите кој во кариерата победи во сите 29 предизвици што ги имаше. Дагестанецот се откажа од борбите во чест на неговиот починат татко, а Вајт не крие дека уште се обидува да го убеди Хабиб да се врати во рингот, но тоа не му успева.

„Не е лесно да се одбијат 20, 30, 40 милиони долари за само една борба, но за мене парите не се најважната работа. Кога веќе сум решил да се повлечам, тоа за мене е завршена приказна. Среќен сум и не жалам за одлуката“, неодамна рече легендарниот Хабиб.

- Оглас -

Најнови вести