Некои велат внимавај што посакуваш, можеби и ќе ти се оствари желбата. Генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ, во минатото пред една ждрепка, даде изјава дека сака да им се падне Динамо за да се види на терен дека белградскиот тим е најдобар во екс-југословенскиот регион, и еве две години подоцна, може да се случи овие два тима да се сретнат меѓусебе во битка за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.
За да има големо белградско-загрепско дерби, прво од 1991 наваму, Звезда треба да го елиминира молдавски Шериф, а Динамо да биде подобар од полска Легија.
Ова е изјавата на Терзиќ која денеска стана хит на социјалните мрежи, но може да послужи и како мотивација за Хрватите да му покажат дека греши околу проценката кој е најдобар во поранешна Југославија:
#fkcz pic.twitter.com/fZ9LLteQ33
— Ciganstura (@cigansturaa) August 2, 2021