Првиот гол на Галатасарај требало да биде поништен, а потоа бизарен офсајд за Икарди (Видео+фото)

Галатасарај и Манчестер јунајтед одиграа фантастичен меч во Истанбул, кој на крајот заврши 3:3. Гостите имаа водство од 2:0, а потоа и од 3:1, но Галатасарај не се предаде и стигна до 3:3.

Два момента кои може да се одбележат и како клучни беа многу спорни. Првата ситуација е кога Галатасарај даде гол за 1:2 преку Хаким Зијех од слободен удар. При изведувањето на слободниот удар, покрај „живиот ѕид“ на гостите, стоеше и Мауро Икарди, кој го маркираше голманот Андре Онана.

Во моментот кога Зијех шутираше и погоди, Икарди бил одалечен само 61 сантиметар од „живиот ѕид“ на гостите, што е кршење на правилата.

Според правилата на ФИФА, играчот кој е во напад мора да биде одалечен од „живиот ѕид“ на тимот кој се брани најмалку еден метар.

„Ако кога се изведува слободен удар, играчот кој е од напаѓачката екипа е одалечен на помалку од еден метар од живиот ѕид, судијата треба да досуди индиректен удар“, стои во фудбалските правила на ИФАБ.

Доколку овој погодок на Зијех беше поништен, Манчестер во тој момент уште ќе имаше предност од 2:0.

Втората спорна ситуација исто така беше во првото полувреме. При резултат 1:2, Мауро Икарди излезе сам пред Онана и успеа да постигне гол, но тој беше поништен поради офсајд. ВАР-системот покажа дека Икарди бил офсајд неколку сантиметри, и тоа со рамото.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести