Првиот избор од минагодинешниот драфт ги откачи Италијанците и ќе игра за САД

Паоло Банкеро, првиот избор на минатогодинешниот драфт, одлучи во иднина да настапува за репрезентацијата на САД.

Кошаркарот на Орландо меџик, по неговата одлука да ги откачи Италијанците, првиот настап за репрезентацијата на САД ќе го има на претстојното Светско првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Банкеро е роден во Сиетл, САД, а неговиот татко е Италијанец и во 2020 година доби италијанско државјанство по што челниците на кошаркарската федерација се надеваа дека го убедат кошаркарот на Орландо меџик да го облече дресот на Аѕурите.

- Оглас -

Најнови вести