Првиот меч од евроквалификациите заврши со „еден во два“, а се радуваше Словенија

Квалификациите за Европското првенство 2024 година започнаа со дуелот меѓу Казахстан и Словенија, а на крајот се радуваа гостите. Со пресврт во второто полувреме, Словенија победи со 2:1 откако Казахстан на полувремето водеше со погодокот на Самородов во 24-тата минута.

Гостите на почетокот на второто полувреме најпрво израмнија на 1:1 со голот на Брекало, а во 78-мата минута следуваше и целосен пресврт кога погоди Випотник за 2:1.

Во оваа група Х се наоѓаат уште и селекциите на Данска, Финска, Северна Ирска и Сан Марино. Словенија со овие три бода најави атак на едно од првите две места во групата кои носат место на завршницата на ЕП 2024 во Германија.

- Оглас -

Најнови вести