Првиот трансфер на Челзи е изненадување

Додека новиот сопственик Тод Боели и Томас Тухел вршат напори што поскоро да се засили тимот на Челзи со ѕвезда од светски калибар, првото засилување на Сините ќе ги изненади навивачите.

Како што известуваат медиумите од Островот, Матеус Нунес од Спортинг Лисабон ќе биде првата летна аквизиција во новата ера на лондонскиот клуб. До вицешампионот на Португалија веќе е доставена понуда од 45 милиони евра, плус 5 милиони евра во бонуси за одличниот играч за врска и многу веројатно ќе се прифати. Клубот допрва треба да преговара околу условите на договорот.

Нунес минатата сезона беше главен адут на Лавовите со одиграни 50 меча во сите натпреварувања, со учинок од 4 гола и 5 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести