Прво па машко за Елмас, дебито во ЛШ против европскиот првак

Елиф Елмас вечерва може да се запише во листата на македонски фудблери кои настапиле на натпревар од групна фаза од Лигата на шампионите, а подобро деби овој млад играч и не можеше да посака. Противник на Наполи на „Сан Паоло“ е актуелниот европски првак Ливерпул.

Најавите од Италија се дека Елмас нема да се најде во почетниот состав, стартер во срцето на средниот ред ќе биде Алан, кој одмораше викендов и не играше против Сампдорија, тоа важи и за Лоренцо Инсиње, но големи се шансите Елмас да добие шанса, без разлика дали како засилување на офанзивата или на одбраната, во зависност од резултатот.

Елиф беше испофален од медиумите во Италија за прикажаното против Сампдорија, за него се пишуваше дека „трча како луд“, дека е многу корисен тимски играч и дека вложените пари во него се исплатат, а има и многу простор за напредок.

Наполи и во минатата сезона играше со Црвените во групната фаза, во Неапол славеа Наполитанците со минимални 1-0 и тие, секако и Елмас, не би имале ништо против да се повтори резултатот.

- Оглас -

Најнови вести