Прво појавување на претседателот Антиќ во просториите на МКФ

Перо Антиќ за првпат зачекори во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија откако денеска беше избран за нов претседател. Антиќ веќе почна да се адаптира на новата функција, прво што направи се запозна со работниците во самата Федерација.

Пред самото влегување истакна дека претходно немал потреба, а и желба да ги посети просториите на МКФ, но сега веќе му е должност. Инаку, Антиќ, најави големи промени во македонската кошарка, како на репрезентативен така и на клупски план.

- Оглас -

Најнови вести