Првото „Дерби на Италија“ е закажано за 13 септември

Првото „Дерби на Италија“ за сезоната 2025/26 меѓу Јувентус и Интер ќе се одигра на 13 септември (сабота) на „Алијанц стадион“ со почеток во 18 часот. Ова стана јасно откако Серија А ја објави точната програма за првите три кола од новата сезона.

Актуелниот шампион Наполи ќе ја започне одбраната на титулата против новајлија, а почетокот на сезоната ќе понуди и неколку големи дерби мечеви.

Новата сезона во италијанската елита ќе биде отворена на 23 август (сабота) со два натпревари што ќе започнат во исто време. Станува збор за дуелите Џенова – Лече и Сасуоло – Наполи. Во истиот ден ќе се одиграат и натпреварите Милан – Кремонезе и Рома – Болоња.

Јувентус ќе ја започне сезоната на 24 август со домашен натпревар против Парма, додека Интер ќе го одигра својот прв натпревар на 25 август, кога на „Џузепе Меаца“ ќе го пречека Торино.

- Оглас -

Најнови вести