Откако замина Пандев, Лацио првпат ќе игра во Лигата на шампионите

Со вчерашниот пресврт против Калјари, Лацио го потврди пласманот во Лигата на шампионите потврдувајќи место во топ-4 екипите во Серија А. Небесносините по пауза од 12 години, повторно ќе се појават на елитната меѓународна сцена, односно првпат откако Горан Пандев го напушти „Олимпико“.

Во сезоната 2007/08 беше последното појавување на Лацио во групната фаза од ЛШ, во која Гранде Пандев имаше блескави партии. Постигна четири гола на шест меча во групите, од кои три се против Реал Мадрид во двомечот, а нашиот репрезентативен капитен памети погодок и против Олимпијакос.

На три кола до крајот на првенството во Италија, Лацио е четврти со 72 бода, 11 повеќе од градскиот ривал Рома, но заостанува еден, односно два бода зад Интер и Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести