Денешниот датум 30-ти април е еден од најцрните денови во историјата на тенисот, затоа што пред точно 28 години во Хамбург, манијакот Гинтер Пархе, навивач на тенисерката Штефи Граф, влета на терен и со нож во грбот ја прободе Моника Селеш, која беше главна ривалка на Граф и освои осум грен–сле титули за три години.
После овој инцидент, тенисот веќе не беше ист, се зголеми обезбедувањето, а и Селеш веќе не беше истата, никогаш не си ја врати формата.
И нејзината противничка тој ден, Бугарката Магдалена Малеева, беше во шок.Селеш после две години пауза, продолжи да игра, како Американка, но под знамето на САД не ги прикажуваше игрите како Југословенка. Психолошката траума не успеа да ја надмине, а потоа во 1998 почина и нејзиниот татко, што рече дека ја заболело повеќе отколку убодот во Хамбург.
Граф ја посети Селеш во болница, но после тоа речиси и да немаа контакт. Да не беше трагедијата, којзнае во што е прераснеше нивното ривалство.