ПСВ го искористи подарокот, по 26-ти пат е првак на Холандија

Комплетиран е пресвртот во холандската лига, ПСВ Ајндховен по 26-ти пат е првак на Холандија, а не изгледаше така пред околу еден месец кога Ајакс имаше девет бода повеќе.

Но, Ајакс во претходните четири кола освои само два бода, а ПСВ ги доби сите мечеви и во последното коло влезе со бод предност пред Копјаниците. Денеска победија и ПСВ (3-1 на гости со Спарта Ротердам) и Ајакс (2-0 дома со Твенте), па тимот од Ајндховен слави.

- Оглас -

Најнови вести