1635 Хераклес – ПСВ Ајндховен (12.15 часот)
ПСВ Ајндховен и во новата сезона ќе биде „казнена експедиција“ во Холандија. Тоа го најави во првото коло со триумф од 5-1 против РКЦ Валвијк, а ништо полесно нема да си помине ниту Хераклес, иако игра на домашен терен. Се очекува триумф на ПСВ и најмалку четири гола на овој натпревар.
Предлог тип: 2 & 4+ (1.75)
1953 Бешикташ – Анталијаспор (20.45 часот)
Бешикташ на одличен начин ја почна сезоната и се наоѓа во налет. Го победи Галатасарај во Суперкупот на Турција со 5-0, а потоа на стартот на лигата триумфираше и 0-2 против Самсунспор на гости. Сега ќе игра пред домашните гледачи и се очекува победа и најмалку три гола на овој меч. Чиро Имобиле, Рафа Силва, Милот Рашица се играчи кои гарантираат офанзива и погодоци.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.17)
1009 Челзи – Манчестер сити (17.30 часот)
Шампионот има проблеми, пред сѐ во офанзивниот дел, со оглед дека замина Хулијан Алварез, а повреден е Оскар Боб. Дополнително, на „Стемфорд бриџ“ нема да се појави и Родри, најдобриот играч на Европското првенство во Германија. Но, и без тоа, Пеп Гвардиола има на располагање тим што може да го победи Челзи.
Предлог тип: 2 (1.85)
1302 Мајорка – Реал Мадрид (21.30 часот)
Реал Мадрид пред четири дена го освои првиот трофеј, победи во Суперкупот на Европа, а Килијан Мбапе уште на првиот меч се запиша меѓу стрелците. Сигурно ќе сака да има забележителен старт и во Ла Лига, па се очекува барем еднаш да погоди и против Мајорка. Предлогот е победа на Кралевите, со најмалку два гола за гостите.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.74)
3006 Лацио – Венеција (20.45 часот)
Лацио е голем фаворит на дуелот против Венеција. Иако замина Чиро Имобиле, сепак, Исаксен и Закањи се одлични напаѓачи кои треба да го носат Лацио оваа сезона. Венеција ќе има проблеми на стартот од Серија А и се очекува триумф на римјаните, со најмалку два гола во мрежата на гостинот.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.75)