ПСЖ сака реванш, Рен има убави спомени од Суперкупот

Пари Сен Жермен – Рен (Француски Суперкуп, 13.30 часот)

Францускиот Суперкуп ќе се игра во Шенжен, Кина, а мечот е особено интересен, поради изненадувањето што го приреди Рен во финалето на францускиот куп со победа против апсолутно доминантниот состав на ПСЖ ланската сезона.

Имаше и инцидент на трибините по мечот, кога Нејмар удри навивач на Рен, кој го провоцираше, а повторно Бразилецот е во фокусот на вниманието пред новиот дуел на овие два состави. Нејмар одби да се поздрави со спортскиот директор Леонардо на последниот тренинг, а јасно е дека сака да си оди, па неизвесно е дали ќе игра денеска.

Во топ-фрома е Килијан Мбапе, дава голови и во претсезоната, па тој ќе биде главниот адут на ПСЖ во обидот да се освои пехарот во Суперкупот по рекорден седмипат по ред.

Рен заслужено е во Шенжен и повторно ќе има шанса да го нокаутира францускиот првак, откако во финалето на националниот куп стаса негатива од 0:2 против ПСЖ и потоа победи на пенали. Пехарот од купот им е втро во витрините, по успехот во 1971 година, а тогаш беа победници и во мечот од Суперкупот. Сега сакаат реприза, а имаат и одлична подлога за тоа. Нема повредени во таборот на Рен, се очекува да играат и засилувањата Мбаје Нијанг и Флавиен Такт, а си замина Хатем Бен Арфа.

Предлог тип: Т1 1+I& 1+II (1.80) Квота на денот во Sport Life

 

Витезе – Ајакс (Холандија Прва Лига, 18.30 часот)

Ајакс беше сензација на сезоната во Европа, копјаниците ги воодушевија фудбалските фанови со прекрасните игри во Европа, но сега повторно тимот треба да претрпи реконструкција. Си заминаа Матијс Де Лихт и Френки де Јонг, има многу понуди и за Нерес, Талјафико, Ван де Бек, Зијеш…, но Ајакс е непресушен извор на фудбалски таленти.

Повторно одлично ја почнаа сезоната со освоен трофеј по триумфот од 2:0 во Суперкупот на Холандија против големиот ривал ПСВ Ајндховен.

Витезе лани претрпе два порази од Ајакс со вкупна гол-разлика од 2:8, иако сезона претходно двапати го изненади фаворитот со победа и дома и на гостински терен во Ередивизија. Домаќините ќе се обидат повторно да изненадат, но Ајакс е во опасен налет, иако дел од играчите си заминаа.

Предлог тип: 2&2-4 гола (2.55) Квота на денот во Sport Life

 

Борусија Дортмунд – Баерн Минхен (Германски суперкуп, 20.30 часот)

Двете најдобри екипи во Германија играа четири од последните пет Суперкуп мечеви за првиот трофеј во сезоната, а имаат по две победи и по два порази. Милионерите славеа со 4:2 и 2:0 во 2013 и 2014 година, а Баерн беше подобар на последните два дуели.

Баварците лани ја претркаа Борусија во неизвесен финиш за титулата, а ја елиминираа и во осминафиналето на купот, па како двојни победници сега ќе се обидат да стасаа и до третиот трофеј по ред.

Борусија имаше одлична претсезона и победи на сите пет дуели со вкупна гол-разлика од 24:5. Баерн учествуваше на Интеконтиненталниот куп на шампионите, а потоа загуби во финалето на Ауди купот против Тотенхем.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.86) Квота на денот во Sport Life

 

Лајпциг – Астон Вила (Пријателски меч, 15.30 часот)

И двете екипи беа супер ефикасни на подготвителните натпревари. Новиот премиерлигаш Астон Вила ги победи сите четири противници и најави дека подготвено го чека стартот на Премиерлигата.

Лајпциг загуби од Цирих на самиот почеток од летната сезона, но потоа се разигра и ги победи Галатасарај со 3:2 и Рен со 2:0.

На пријателските мечеви нема калкулации, најчесто се игра отворен фудбал, па ќе типуваме на голови

Предлог тип: ГГ&4+ (2.50)

 

Ним – Дижон (Пријателски меч, 18 часот)

Нашиот Влатко Стојановски и Ним денска ќе играат ревијален меч против Дижон, а целиот приход ќе оди за помош на семејството на трагично настраданиот тренер на нисколигашот Вовер, Редуане Абауи.

Ним одигра четири пријателски дуели досега и на три од нив имаше ГГ3+, па и денеска се очекува да одиграат отворено и напаѓачки што е шанса за Стојановски да постигне некој гол во дресот на новиот клуб.

И Дижон е во сличен мод во подготвителниот период и дава и прима голови, па може да се очекува ефикасен меч од хуманитарен карактер.

Предлог тип: 4+ (2.95)

 

- Оглас -

Најнови вести