Одличен гест на францускиот прволигаш – Влатко Стојановски со Ним во хумана акција

Влатко Стојановски денеска ќе биде во комбинација за настап за Ним на пријателски меч со Дижон од 18 часот во акција за помош на семејството на трагично загинатиот тренер на нисколигашот Вовер, Редуане Абауи.

Мечот ќе се игра во Вовер, место во чија близина во мај годинава Абауи во бизарен инцидент и без причина беше прободен со нож и потоа почина.

Стојановски летово го засили Ним, откако за сума од 1.5 милиони евра пристигна во редовите на францускиот клуб од Ренова.

Играше на дел од пријателските мечеви на Ним, а сега ќе настапи во дуел со малку поинакво значење и за респект, како помош за семејството на починатиот тренер на Вовер.

Ним се подготвува за стартот на новото првенство во Франција, а премиерата за македонскиот интернационалец и не можеше да биде подобра од дуел со актуелниот првак Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ на 11. август од 21 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести