Монако водепе со 2-0, но сега е 2-2 по првото полувреме против ПСЖ, во Лисабон на дуелот на Бенфика и Реал Мадрид нема гол во првите 45 минути, а Борусија води против Аталанта во мечот кој почна 15 минути подоцна од плејофот за осминафинале во Лигата на шампионите.
Монако поведе уште во прва минута, имаше и 2-0, парижаните по трети пат сезонава утнаа пенал (овојпат Витиња), веројатно се повреди главниот играч Дембеле, беше повлечен од игра, но неговата замена Дезире Дуе даде гол со кој ги врати Светците во игра. На 2-2 израмни Хакими, па сега гостите се во психолошка предност.
Заслугата што нема гол на Бенфика – Реал е кај голманите, особено домашниот Трубин кој имаше неколку одлични интервенции, а и Куртоа еднаш го спаси својот тим од мошне опасна ситуација.

