ПСЖ е фаворит за потписот на Меси, но може да има и изненадување

Шокантно делуваше официјалната информација од Барселона дека не се во можност да го продолжат договорот со Лионел Меси и сега еден од најдобрите фудбалери во историјата за првпат ќе го гледаме во некој друг клупски дрес.

Финансиските барања на Меси може да ги исполнат три клуба: ПСЖ, Манчестер сити и Интер Мајами. За преселба во Америка се чини дека уште е рано, а фаворит е парискиот клуб, кој летово се засили со ѕвезди како Џиџи Донарума, Серхио Рамос, Џорџинио Вајналдум и Ашраф Хакими. Во клубот има неколку Аргентинци, аргентински тренер, а таму е и Нејмар, кој пред неколку месеци најави дека сака да игра со Меси во ист клуб во претстојната сезона.

Но, Манчестер сити може да им ги замрси сметките на парижаните. Адут на Граѓаните е Пеп Гвардиола, во чие време Меси беше најдобар на светот. Но, ако овој клуб ги привлече Грилиш и Кејн, ќе потроши многу пари и прашање е дали ќе може да си го дозволи и Меси.

- Оглас -

Најнови вести