Францускиот гигант Пари Сен Жермен е подготвен да се раздели со својот прв голман Џанлуиџи Донарума ова лето, откако преговорите за продолжување на договорот влегоа во ќорсокак. Како што пренесува италијанскиот весник „Ла Република“, парижани ја одредиле цената за италијанскиот репрезентативец на 40 милиони евра.
Донарума има договор со ПСЖ до јуни 2026 година, но двете страни не успеале да најдат заеднички јазик околу новиот договор. Главната причина за застојот се високите финансиски барања на голманот, кој сака плата од 10 милиони евра годишно, што не се вклопува во новата политика на клубот за контрола на платите.
Поради ризикот да го загубат без надомест во иднина, челниците на ПСЖ се подготвени да го продадат Донарума по значително пониска цена од неговата пазарна вредност.
Интерес за 24-годишниот голман веќе покажале неколку европски гиганти, меѓу кои се Реал Мадрид, Баерн Минхен и Интер. Сепак, засега нема конкретна понуда.