ПСЖ го губи трпението со Рамос и ќе го понижи како никогаш досега во кариерата

Серхио Рамос летово беше доведен како големо засилување за ПСЖ, но сè уште нема одиграно ниту минута за овој тим.

Поврерада на коленото никако да заздрави, а француските медиуми веќе на големо пишуваат дека ПСЖ го губи трпението и дека размислува да го прекине договорот.

Некогашниот капитен на Реал Мадрид, својот последен натпревар го одигра на 5 мај, а оттогаш нема одиграно ниту минута, иако никој не знае зошто толку се одложи неговиот камбек.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, во петокот изјави дека биле запознаени со повредата на Рамос кога го ангажираа и му дадоа договор до 2023.

Останува да се види дали некогашниот играч на Реал Мадрид ќе одигра барем некоја минута за тимот од Париз или неславно ќе го заврши својот престој тука.

- Оглас -

Најнови вести