ПСЖ е сопственик на двата најголеми трансфери во историјата на фудбалот. Во 2017 година платија 222 милиони евра за трансферот на Нејмар од Барселона, а само една година подоцна го купија и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра.
Сега „светците“ подготвуваат нова бомба и според француските медиуми тргнуваат по потписот на најдобриот фудбалер на Челзи, Кол Палмер. 22-годишниот фудбалер воодушевува со своите игри во Премиер лигата, а неговата моментална вредност се проценува на 130 милиони евра. Сепак, ПСЖ е подготвен да плати дури 200 милиони евра за неговите услуги и да го реализира вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот.
Палмер има договор со Челзи до 2033 година, а пред само 14 месеци пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Манчестер сити за 47 милиони евра.