Рандал Коло Муани минатото лето пристигна од Ајнтрахт Франкфурт во ПСЖ за неверојатна сума од 95 милиони евра. Минатата сезона за Светците одигра 40 натпревари, на кои имаше ефект од девет гола и шест асистенции и не ги оствари очекувањата со оглед на големата сума која беше вложена во него.
Сепак, неговата вредност падна само на 40 милиони евра, а ПСЖ сега сака да се ослободи од него. Коло Муани е ставен на трансфер-листа и раководството на францускиот шампион очекува понуди за него.
Целта на продажбата на Рандал Коло Муани е да се направи место за ангажман на нов напаѓач, а тоа треба да биде фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен. Се шпекулира дека ПСЖ на клубот од Серија А ќе му плати неверојатни 130 милиони евра за фудбалерот од Нигерија.