Фудбалскиот првак Пари Сен Жермен сѐ уште бара адекватна замена за Килијан Мбапе, а моментно најголеми шанси да го замени има Кингсли Коман. Германските медиуми открија дека ПСЖ е најреалната дестинација за францускиот репрезентативец, кој доби дозвола да го напушти Баерн Минхен.
Се споменува дури и можност за заминување на позајмица, но со задолжителен откуп на договорот следното лето за договорена сума.
Коман порасна во Пари Сен Жермен, но пред точно 10 години како 18-годишно момче замина во Јувентус како слободен агент. После една година прво замина на позајмица во Баерн Минхен и таму почна да игра за Пеп Гвардиола, па на крајот стана важна алка во тимот.
ПСЖ особено го памети од финалето на Лигата на шампионите во 2020 година, кога Кингсли Коман го постигна единствениот гол за победа на Баерн Минхен.
Коман има богато искуство, за Баерн одигра дури 294 натпревари, постигна 63 гола и забележа 66 асистенции.