Пари Сен Жермен продолжува со доминацијата во француската Лига 1, откако оствари импресивна победа од 1-6 на гости кај Сент Етјен. Оваа победа ги доведува Светците многу блиску до 13. титула шампион, четврта по ред, која може да биде осигурана дури и вечерва, ако мечот меѓу Монако и Ница заврши нерешено.
Ако некоја од овие две екипи победи, ќе имаат 21 бод помалку од ПСЖ на седум натпревари до крајот, што ја прави ситуацијата невозможна за некаква промена.
Сент Етјен, иако е втор најтрофеен клуб во Франција со 10 титули, сега се наоѓа во зоната за испаѓање со само 20 бодови и има големи потешкотии да се спаси.
Првиот гол на натпреварот го постигна Сент Етјен преку Стасино во деветтата минута, но тоа беше сѐ што домаќините успеаја да направат.
ПСЖ изедначија преку Гонзало Рамош од пенал во 43-та минута, а потоа следуваше голгетерска продукција на гостите со головите на Кварацхелија, Дезире Дуе (два), Жоао Неваш и младото чудо Ибрахима Ембај, кој на само 17 години го постигна својот прв гол во сениорскиот фудбал.