ПСЖ губеше со 3:0 до 40 минута, потоа поведе со 4:3, но на крај не победи

Францускиот првак Пари Сен Жермен не успеа да победи на гостувањето кај Амиен, иако беше голем фаворит пред да започне дуелот. Во меч со неверојатни пресврти, на крајот на семафорот стоеше 4:4.

Амиен одигра фантастично и во првите 40 минути даде три гола за неочекувана предност од 3:0. Ова беше прв пат во последните осум години ПСЖ да прими три гола во прво полувреме во меч од домашното првенство. До крајот на првиот дел, гостите дадоа гол за 3:1, што беше како најава за голем пресврт во вторите 45 минути.

Иако беше без Килијан Мбапе и Нејмар, ПСЖ во второто полувреме даде три гола за целосен пресврт и водство од 4:3.  Кога се очекуваше Светците да се израдуваат на победа, Амиен приреди нов шок за гостите. Домаќините погодија во 92 минута за 4:4 на крајот на мечот со многу пресврти.

 

- Оглас -

Најнови вести