ПСЖ и без напаѓачи ќе го растури Мец, остарениот Федерер ќе се помачи

Мец – ПСЖ (20:45 ч.)

Францускиот првак игра против еден од своите омилени „пациенти“. Светците ги добија последните осум меча против Мец, а во тој период вкупно даде дури 27 голови, односно повеќе од три на средба.

Факт е дека за ПСЖ ќе ги нема повредените Мбапе, Кавани, Нејмар и Ерера, но тоа не би требало да биде проблем за клуб кој има многу квалитетни фудбалери, кои треба да ја завршат работата на ова гостување.

Предлог тип: 2&3-5 (2.60) – квота на денот во Sport Life

 

Севилја – Селта (20 ч.)

По првите две кола во Шпанија, Севилја е предводник на табелата, иако двапати гостуваше. Тимот од Андалузија има одлична одбрана и уште не примила ниту еден гол, а сега на свој терен очекуваат нов триумф. Селта со триумфот против Валенсија покажа дека има квалитет.

На 10 од последните 11 меѓусебни средби имало најмалку два погодоци, што значи дека може да очекуваме ефикасна игра и вечерва, а предноста останува за домаќините.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (3.00) – квота на денот во Sport Life

 

Федерер – Еванс (18 ч.)

Роџер Федерер ги помина првите две кола на Отвореното првенство на САД, но очигледно е дека полека легендарниот Швајцарец го фаќа замор. Со 38 години уште успева да им држи лекции на многу помладите, но забележливо е дека ја нема силата како порано. Токму затоа и загуби по еден сет во првите две кола.

Еванс е тенисер кој ги има загубено сите три претходни меча против Швајцарецот, но сега игра во многу подобра форма, па може да се очекува да го намачи Роџер.

Предлог тип: 1 & >34,5 гема (2.20) – квота на денот во Sport Life

 

Борусија М. – Лајпциг (20:30 ч.)

Кога играат овие екипи, головите се речиси загарантирани. И Борусија и Лајпциг негуваат офанзивен фудбал, па помалку внимаваат на одбраната. Лајпциг одлично ја отвори сезоната, со две победи и шест постигнати гола покажа дека и оваа сезона амбиција ќе му биде да е во зоната за излез во Лигата на шампионите.

Борусија нема победа во дуелите со Лајпциг. Откако гостите влегоа во Бундеслигата во 2016 година, билансот досега е шест победи за Лајпциг и две нерешени средби со голови, што е само потврда дека погодоците и сега не треба да изостанат.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.07)

 

Болоња – СЛАП (20:45 ч.)

Домаќините ќе бидат со голем мотив на свој терен, и тоа за својот тренер Синиша Михајловиќ. Српскиот стратег кој се лекува од леукемија, се очекува повторно да биде на клупата. СПАЛ е противник токму по мерка за да се стигне до три бода, иако на последните три меѓусебни средби Болоња нема победа над овој ривал.

Традицијата вели дека не би требало да има многу погодоци, па може и еден потег да го реши победникот.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.10)

 

- Оглас -

Најнови вести