ПСЖ како казнена експедиција, Реал Мадрид и Арсенал колку што им требаше

Пари Сен Жермен со 3-0 победи против Челзи во Лондон, и со вкупно 8-2 го елиминираше премиерлигашот, Арсенал ја оправда фаворитската улога против Баер Леверкузен и победи 2-0 со убави голови на Езе и Рајс, а Реал Мадрид иако 70 минути имаше играч повеќе, победи 2-1 (два гола на Винисиус) на гости за да го исфрли Манчестер сити од Европа.

Сините од Лондон првпат во историјата примија дури 8 голови во еден европски двомеч.

Во четвртфиналето, Арсенал ќе игра со Спортинг Лисабон, ПСЖ ќе чека дали ќе се сретне со Ливерпул или Галатасарај, а Реал Мадрид оди на Баерн Минхен што ќе треба да се потврди утре.

- Оглас -

Најнови вести