Кристоф Галтие беше промовиран во нов тренер на Пари Сен Жермен, а тој откако се оправдуваше зошто како човек од Марсеј седнал на клупата на омразениот париски клуб во неговиот град, рече дека смета на Нејмар.
Од клубот немаат ништо против да се разделат со Нејмар, но Галтие мисли поинаку. Нејмар се појави денеска и тренираше со останатите соиграчи.
„Нејмар е играч од светска класа. Кој тренер не би сакал да го има во тимот? Се надевам дека ќе остане. Секогаш е полесно со таков фудбалер во тимот. Ќе разговарам со него за да дознаам како се чувствува и како гледа на нашата идна соработка. Лично јас, имам кристална визија за тоа што да очекувам од него“, изјави Галтие, кој досега во кариерата освоил една титула во Франција со Лил и еден Лига куп со Сент Етјен, а сега од него ќе се бара да ги однесе Светците на европскиот трон.