23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

ПСЖ летово ќе биде принуден да го продаде Донарума, три клуба го чекаат со раширени раце

Разговорите за нов договор на Пари Сен Жермен и голманот Џанлуиџи Донарума се закочени и тоа може да значи дека летово ќе дојде до разделба.

Италијанскиот голман е важна алка во редовите на тимот кој е актуелен европски и француски првак, но ако не падне договор за продолжување на соработката и по истекот на сегашниот договор кој важи до јуни 2026, ПСЖ ќе мора да го продаде Џиџи.

Светците не сакаат да им се случи тој бесплатно да си замине, како што направи ѕвездата Килијан Мбапе, и попрво би го продале летово отколку догодина да си замине како слободен, без да добијат отштета.

За Донарума има интерес од Интер, Јувентус и Челзи, но кој и да го купи, ќе треба да му понуди годишна плата од 12 милиони евра, колку што заработува во моментов, или повеќе.

- Оглас -

Најнови вести