ПСЖ може да биде „искасапен“ против Аталанта: Нови тројца повредени кај Светците

Францускиот првак Пари Сен Жермен синоќа во своите витрини донесе уште еден трофеј, тој во Лига Купот. Во финалето, по исцрпувачка 120 минутна борба против Олимпик Лион, ПСЖ на крајот се радуваше дури по подобро изведување на пенали. Со овој трофеј, Светците само потврдија дека е апсолутни владетели во Франција, затоа што во нивна сопственост се и трофеите од првенството, Купот и Супер купот на Франција.

Лошо од синоќешниот дуел е тоа што дури тројца фудбалери на ПСЖ се пожалија на повреди. Напаѓачот Мауро Икарди беше принудно заменет во 58 минута, а само 10-тина минути подоцна, поради повреда од игра излезе и Курзава. Повреден беше и Тијаго Силва, кој ги издржа сите 90 минути, но беше заменет пред продолжување на дополнителните 30 минути.

За Силва се верува дека пивредата не е сериозна, додека за останатите двајца треба да има дополнителни лекарски прегледи за да се констатира дали ќе бидат подготвени да играат за две недели во дуелот против Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Ако Икарди и Курзава не бидат подготвени, тоа ќе биде голем удар за ПСЖ, кој претходно остана и без големата ѕевзда Килијан Мбапе. Голгетерот заработи повреда во финалето од Купот против Сент Етјен и мора да мирува најмалку три недели.

 

- Оглас -

Најнови вести