ПОТВРДЕНО: Мбапе нема да игра против Аталанта во четвртфиналето од ЛШ!

Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе биде без Килијан Мбапе во мечот од четвтфиналето од Лигата на шампионите во дуелот против Аталанта, беше потврдено денеска. Мбапе заработи повреда на глуждот на ногата за време на финалето од Купот на Франција против Сент Етјен, кога еден противнички играч крвнички стартуваше врз ѕвездата на Светците.

Мбапе предвреме го заврши тој меч, а потоа се појави со бандажирана нога и одеше со помош на патерици. По направените прегледи, констатирано е дека повредата на глуждот на ногата не е наивна и Мбапе ќе мора да паузира најмалку во следните три недели.

Хорор повредата може да ја видите ТУКА.

Четвртфиналето од ЛШ меѓу ПСЖ и Аталанта е закажан за 12 август, а победникот од овој меч ќе игра во полуфиналето на 18 август.

 

- Оглас -

Најнови вести