ПСЖ направи голем чекор кон потписот на Кварацкелија

Францускиот гигант Пари Сен Жермен тргна во акција да го надомести заминувањето на Килијан Мбапе. Тренерот Луис Енрике најави дека тоа ќе мора да се направи со неколку други засилувања, а „Л’Екип“ открива дека е направен голем чекор напред кон ангажманот на Квича Кварацкелија од Наполи.

Крилниот напаѓач на Наполи и раководството на Пари Сен Жермен постигнале договор за личните услови на грузискиот фудбалер, тврди „Л’Екип’.

Парижаните се подготвени да платат околу 60 милиони евра отштета на Наполи за да го комплетираат трансферот. Можно е „наполитанците“ да бараат и поголема сума, со оглед дека Кварацкелија е проценет на 80 милиони евра. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027.

Оваа сезона Кварацкелија настапи на 45 натпревари за Наполи во сите натпреварувања, на кои постигна 11 голови и имаше девет асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести